Сигурни победи на фаворитите на стартот од пролетниот дел од пинг-понгарскиот шампионат

Македонските понг-понгари по подолго време им се вратија на домашните обврски и денес го одиграа првото коло од пролетната сезона на Суперлигата во пинг-понг.

Во „СЦ Борис Трајковски“ најдобрите македонски екипи се сретнаа во рамки од десеттото коло од националниот шампионат, во кое екипите кои беа фаворити извојуваа сигурни победи. 

Младост 96 беше поуспешен од градскиот ривал Младост, извојувајќи победа од 4-1, додека Шампион ФА од Штип, славеше над Вардар со 2-4 и го искористи поразот на Младост и поради подобриот скор на добиени и изгубени натпревари сега се второпласиран. 

  • Суперлига (10. коло):

Работнички - Телеком Нец 4-2
Вардар - Шампион ФА 2-4
Струга - Телеком Нец  2 одложена
Младост - Младост 96 1-4
Радовиш - Крива Паланка 2007 4-0

Во суперлигата ни претстои интересна пролет, бидејќи пет екипи се со исти шанси за пласман од четвртото до осмото место.