Штипските пингпонгари со учество на Балканскиот куп во Ниш

Пингпонгарскиот клуб Гоце Делчев, кој по првиот дел од првенството се наоѓа највисоко на табелата во Супер лигата на Македонија, ќе ја претставува нашата држава на Балканскиот куп во Ниш.

Тренерот на екипата, Ване Барбареев ги издвојува тимовите од Романија и Србија како главни кандидати за триумф на турнирот и се надева дека неговата екипа ќе прикаже добра игрa:

„Ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија, Србија, Бугарија и Романија. Средбите се во екипна конкуренција. Најголем кандидат за првото место е Романија, а и Србија ќе атакува на лидерското место. Ние патуваме во Ниш да прикажеме што подобра игра. Имаме млада екипа, која е иднината на македонскиот пинг понг“.

За штипската екипа ќе настапат Кристијан Станојковски, Петар Костовски, Филип Костадиновски и Игор Саздов. Инаку, штипските пингпонгари по враќањето од Ниш, ќе учествуваат на екипното државно првенство во младинска конкуренција кое ќе се одржи на 13, овој месец во Крива Паланка. Штипската екипа на Гоце Делчев е голем фаворит за првото место.

Tags: