Штипски УГД Студент е есенски првак во пинг-понгарската Суперлига

Пинг-понгарите на УГД Студент од Штип со максимални седум победи се есенски прваци во Суперлигата. УГД Студент предводен од претседателот Кире Барбареев и тренерот Ване Барбареев го извлекоа и последниот атом од своите играчи и најавија дека првата титула може да пристигне во Штип оваа пролет. 

Петар Костовски, Кристијан Станојковски, Игор Саздов и Филип Костадиновски се најзаслужни за победата против директниот конкурент Работнички со максимални 5-0 среде Скопје.

Пролетниот дел започнува во март следната година, но со ваков УГД Студент тешко ќе им биде на конкурентите да се носат со главниот фаворит.