Шампионот Вардар подобар од Телеком НЕЦ во пинг-понгарското дерби

Деновиве во СЦ „Форца“ во Скопје се одигра вториот турнир од пинг-понгарското првенство во двете најквалитетни лиги во Македонија. На програмата на вториот турнир беа третото и четвртото коло.

Најинтересен беше натпреварот меѓу Вардар и Телеком НЕЦ, двете екипи во првите две кола запбележаа победи. Шампион на Македонија, екипата на Вардар извојува победа, а мечот меѓу Кристијан Станојковски и Милош Миленковиќ привлече најголемо внимение, а победа од 3-1 извојува Станојковски. 

Следниот турнир се игра на 21 октомври во Прилеп, во спортската сала на ОУ „Добре Јовановски“. Во рамките на третиот турнир ќе се одиграат петтото и шестото коло од Суперлигата и Првата Лига.

Погледнете ги резултатите од третото и четвртото коло: