Шампион ФА и Рисови најдобри на јуниорското првенство во пинг-понг

Во Штип во организација на ППК Шампион ФА и под покровителство на ППФМ се одржа 28-то Државно првенство во екипна конкуренција за јуниори. На првенството учествуваа осум екипи во машка конкуренција и шест екипи во женска конкуренција. Најуспешни кај јуниорите беше екипата на организаторите, Шампион ФА, предводени од браќата Дамјан и Лука Стојчев, кои супериорно го освоија првото место. Во финалето Шампион Фа убедливо со 3:0 славеа против Крушево.

Шампион Фа и Крушево во полуфиналните борби беа поуспешни од Астраион и Рисови

Полуфинале јуниори:
ППК Шампион ФА - ППК Астраион 3-0
ППК Крушево - ППК Рисови 3-0
Финале: 
ППК Шампион ФА - ППК Крушево 3-0

Финале пласман (јуниори):
1. ППК Шампион ФА
2. ППК Крушево
3. ППК Рисови, ППК Астраион

Кај јуниорките очекувано во финалето се сретнаа ППК Рисови и ППК Крива Паланка, Во многу понеизвесно финале Бојана Михајловска и Ива Димитриевска кои беа главни носители на екипата на Рисови беа поуспешни од Ана Стојановска и Сара С. Стојановска со 3-1

Со тоа Рисови беа најуспешната екипа на првенството освојувајќи злато и бронза 

Полуфинале јуниорки:
ППК Рисови - ППК Крушево 3-0
ППК Крива Паланка - ППК Берово 3-1
Финале
ППК Рисови - ППК Крива Паланка 3-1

Финален пласман (јуниорки):
1. ППК Рисови
2: ППК Крива Паланка
3. ППК Крушево, ППК Берово