• Горан Упале
Кинескиот пингпонгар Ванг Чукинг е поразен во осминафиналето на олимпискиот турнир од Швеѓанецот Трулс Морегард. Секако дека ова е големо изненадување, бидејќи се знае колку Кинезите се супериорни во овој спорт. Дека победата на Морегард е огромна, говори фактот што Чукинг во вторникот се закити со златниот медал во мешани двојки.
<<< ПОВРЗАНО - Кинезите уште доминираат во пинг-понгот: Доминантно злато во мешани двојки!
Но, утрово не беше така, па Ванг го заврши своето натпреварување многу порано отколку што очекуваше. Останува да видиме како тоа ќе се одрази на продолжувањето на турнирите во овој спорт, каде натпреварувачите од азискиот континент редовно земаат медали.
Можеби таа тенденција сега ќе се промени. Швеѓанецот во осминафиналето ќе игра против уште еден кинескиот играч - Таипек Као.