Рустемовски и Стојановска државни прваци во пинг-понг во јуниорска конкуренција

Малата Крива Паланка претставува голем расадник на успешни пинг-понгари во Македонија. Во саботата во овој град се одржа државното првенство во јуниорска конкуренција категорија (У18). Ана Стојановска од Крива Паланка ја продолжи традицијата да има државен првак од Паланка во секоја категорија. После Станојковски и Ристовска, кои се сениорски прваци, Стојановска се закити со златото на јуниорското државно првенство.

Во конкуренција на јуниори супериорно до првото место и титулата државен првак дојде Раиф Рустемовски, кој живее во Шведска, но за сите големи натпреварувања доаѓа во Македонија. Во финалните натпревари Рустемовски го совлада Леонид Гошев, додека Стојановска беше поуспешна во финалниот натпревар кај јуниорките од Ива Димитриевска.

Учесниците на државното првенство покрај поединечна конкуренција се натпреваруваа и во конкуренција на двојки.

Освојувачи на медали по категори:
Јуниори

1. Раиф Рустемовски
2.Леинид Гошев
3. Дамјан Стојчев
   Александар Јакимовски

Јуниорки 
1. Ана Стојановска
2. Ива Димитриевска
3. Добринка Сотирова
    Бојана Михајловска

Двојки - јуниори
1. Д.Стојчев/Л.Стојчев
2. Д.Главевски Зхоу/Т.Волкановски
3. Д.Атанасов/Л.Гошев
   А.Јакимовски/А.Крстевски

Двојки - јуниорки
1. И. Димитриевска / Б. Михајловска
2. А. Стојановска / С. Стојановска 
3. В. Богоеска / Б. Ристоска
    Ф. Јовановска / С. Хасану

Мешани двојки
1. А. Стојановска / Л. Гошев
2. В. Богоеска / Т. Волкановски
3. С. Стојановска (СК) / Д. Главевски Зхоу
    Д. Стојчев / М. Штркова

Македонските пинг-понгари исто така се активни и на меѓународната сцена. Натпреварувачите во категорија на играчи до 15 години ќе ја претставуваат нашата држава на Медитеранските игри кои се одржуваат во Лињано, Италија. Нашата репрезентација доби вајлд карта за учество на ова натпреварување, додека нашата федерација се очекува да добие полноправно членство во април за време на Светското првенство. Во составот на нашата репрезентација се: Даниел Главевски Зхоу, Лука Стојчев и Васе Богоевски. Со репрезентативците во Лињано патува и тренерот Ѓоко Јочковски. Како авангарда на нашата репрезентација неколку дена пред почетокот на Медитеранските игри кои се одржуваат од 24 до 27 март отпатува претседателот на ППФМ, Горан Тиловски, кој оствари средба со претседателот на Медитеранската пинг-понгарска федерација, претседател и на Италијанската федерација Ренато ди Наполи.