Романците најуспешни на првиот ден од Балканското првенство во пинг-понг

Изминатите два дена во СЦ „Форца“ во Скопје во рамките на балканското првенство во пинг-понг за играчи до 18 години се одржаа натпреварите во екипна конкуренција на репрезентативно ниво.

Најуспешна е репрезентацијата на Романија со освоени три златни медали и еден сребрен медал, следува Турција со еден златен, два сребрени и еден бронзен медал, Србија освои еден сребрен медал, додека со по еден бронзен медал се закитија репрезентациите на Босна и Херцеговина, Италија и Бугарија.

Јуниори:
1. Романија
2. Србија
3. Турција
Финале: Романија - Србија 3-2

Македонија се пласира на осмото место од вкупно девет репрезентаци

Јуниорки: 
1. Турција
2. Романија
3. Босна и Херцеговина
Финале: Турција - Романија 3-1

Македонија се пласира на шестото место од вкупно осум репрезентации

Кадети: 
1. Романија 
2. Турција
3. Италија
Финале: Романија - Турција 3-0

Македонија се пласира на шестото место од вкупно девет репрезентации

Кадетки:
1. Романија
2. Турција
3. Бугарија

Финале: Романија - Турција 3-0
Македонија се пласира на шестото место од вкупно единаесет репрезентации 

Од денес до недела ќе се одржат натпреварите во поединечна конкуренција и натпреварите во конкуренција на парови.