Рикаловски и Стојановска државни пинг-понг шампиони меѓу средношколците

Во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип во организација на Федерацијата за училишни спортови во соработка со ППФМ се одржа државното првенство во пинг-понг во конкуренција на средни училишта. На првенството учествуваа ученици од сите средни училишта од цела Македонија.

Системот на натпревари беше организиран на тој начин што учесниците во првата фаза играа во групи според репасаж систем, при што двајцата најуспешни во секоја група го продолжуваат натпреварувањето во втората фаза на директни елиминации. На овие турнири се игра и меч за трето место.

Финален пласман (мажи):
1. Александар Рикалоски
2. Дамјан Стојчев
3. Тоше Волканоски
3. Леонид Гошев     

Финален пласман (жени):
1. Ана Стојановска
2. Бојана Михајловска
3. Ива Димитриевска
4. Добринка Сотирова  

Во Прилеп, во организација на ППФМ и ППК Младост 96 од Прилеп, во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ се одржа државното првенство во екипна конкуренција за пионери во категорија У15. Поголемиот број на клубови во Македонија кои имаат школи за млади играчи учествуваа на првенството, некои од клубовите и со две екипи во конкуренција.

Финален пласман (мажи):
1. ППК Крива Паланка
2. ППК Струмица
3. ППК Винспин - Виница
3. ППК Крушево

Финален пласман (жени):
1. ППК Крива Паланка
2. ППК Крушево
3. ППК Астраион Мега Спин - Струмица
3. ППК Крушево (втора екипа)