• Зоран Мишевски

Mакедонската пинг-понгарска репрезентација го подели третото и четвртото место на Балканското првенство во Никшиќ, Црна Гора. Селекцијата која ја предводеше тренерот на Студент, Ване Барбареев. а во составот се Филип Костадиновски, Христијан Јованов и Христијан Јовановски најнапред ја совлада Албанија со 3-0 и се пласира во полуфиналето.
Таму во борбата за влез во финалето загуби од подоцнежниот првак репрезентацијата на Србија, а со оглед на тоа што немаше меч за трето место, нашиот тим ја подели оваа позиција со БиХ.
По екипните натпревари, ќе почнат и поединечните средби, а нашиот пинг-понгарски тим очекуваат медали во оваа конкуренција.