Работнички изненаден во Радовиш во бурниот пинг-понгарски викенд

Ако саботите се резервирани за натпреварите на младинските категории во недела на сцена стапуваат сениорите во македонскиот пинг-понгарски шампионат. Денес во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ се одиграа натпреварите од 11. и 12. коло во Суперлигата. Двете кола донесоа интересни натпревари и промени на табелата. Екипата на Телеком НЕЦ 2 забележа две победи и се искачи на четвртото место на табелата, место кое води во плеј-офот.

Радовишани го изненадија Работнички, Телеком Нец, заедно со Вардар се екипите кои не забележаа победа во пролетниот дел во досега одиграните три кола. Младост 96 неприкосновено го чува првото место на табелата кое обезбедува најдобро стартно место во плеј-офот.

Суперлига (11. коло)
Радовиш - Работнички 4-1
Крива Паланка 2007 - Младост 1-4
Младост 96 - Струга одложена
Телеком Нец 2 - Вардар 4-0
Шампион ФА - Телеком Нец 4-0

Суперлига (12. коло)
Работнички - Шампион ФА 0-4
Телеком Нец - Телеком Нец 2-4
Вардар - Младост 96 0-4
Струга - Крива Паланка 2007 одложена
Младост - Радовиш 4-1

Во првата сениорска лига дуелот меѓу Битолски Мултитекс и Кочани заврши со убедлива победа на битолчани со 4-0, со направија голем исчекор кон враќање во елитата, бидејќи Кочани им е единствен конкурент за првото место кое носи директен пласман во Суперлигата. Вчера во Берово, најмладите играчи во категоријата помлади од 12 години го имаа својот прв рангирен турнир. Учествуваа вкупно 20 натпреварувачи во машка и во женска конкуренција. Најуспешни кај младите кадети беа домаќините од Берово, додека кај младите кадетки најуспешна беше натпреварувачката од Крушево.

Млади кадети:
1. Љупчо Треновски - Берово
2. Кристијан Каламадевски  - Берово
3. Давид Јоноски - Младост 96
 Христијан Михајлоски - Крушево

Млади кадетки:
1. Фани Јовановска - Крушево
2. Матеја Смолиќ - Рисови
3. Сара Ризовска - Берово
Лена Гидалова - Студент