• Горан Упале

Во текот на посетата на Македонија, по повод одржувањето на собранието на Европскиот олимписки Ккомитет, претседателката на Светската пинг-понг федерација Петра Сорлинг од Шведска, оствари работна средба со претседателот на ППФСМ, Горан Тиловски.
На средбата, Тиловски ја запозна гостинката со тековните активности на федерацијата со посебен осврт на организацијата на претстојниот турнир од светската серија на младинци за најдобрите триесет светски играчи кој ќе се одржи во Скопје во месец септември.
Дополнително, со претседателката се договорени идните активности за поддршка на македонската федерација во делот на развој на млади играчи и поддршка на развој на тренерскиот кадар, а од страна на Сорлинг беше изразено задоволство за активностите на нашата федерација и активност на светската мапа на пинг понгот со дадена поддршка за понатамошен развој.
Исто така, претседателката на Светската федерација ја прифати поканата од претседателот Тиловски, за посета на турнирот од светската младинска серија кој ќе се одржи во Скопје.