Први победи за Македонија на Балканското првенство, сепак недоволно за пласман

Заврши првиот натпреварувачки ден на Балканското првенство во пинг-понг во Албанија.

Софија Хасану забележа победа во дуелот со Љупка Сеник од Босна и Херцеговина, кој нашите го загубија со 3-1. Фани Јованоска ја победи Миа Живановиќ од Црна Гора. Кај кадетките Бојана Јовевска успешно се соочи со Сара Хоџа од Косово победувајќи ја со 3-1.

Сепак, учинокот на нашите девојки не беше доволен за репрезентативен пласман во следната фаза. 

Епилогот од првиот натпреварувачки ден изгледа вака:

Кадетки:
Туркије - Македонија  3-0
Македонија - Косово 1-3

Кадети:
Грција - Македонија 3-0
Романија - Македонија 3-0

Јуниорки:
Македонија - Црна Гора 1-3
Босна и Херцеговина - Македонија 3-1

Јуниори:
Грција - Македонија - 3-0

Балканското младински првенство се одржува во Елбасан, Албанија.