Први места за Стојчев и Јовановска на државното кадетско првенство во пинг-понг

Овој викенд се одржаа првото државно пинг-понгарско првенство оваа година и тоа во категорија кадети/ки помлади од петнаесет години. Првенството се одржа во Струмица, а учество земаа околу четириесет играчи.

Кај момчињата во тесна борба победи Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион ФА од Штип. 

1. Лука Стојчев - ППК Шампион Фа
2. Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка
3. Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови

Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само тринаесет години го освои ова државно првенство. 

1. Фани Јовановска – ППК Крушево
2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
3. Моника Стајковска - ППК Берово и Матеја Смолиќ – ППК Рисови

Викендов исто така во Струмица се одржа и првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година. Победници на овој турнир се:

Мажи
1. Дамјан Стојчев - ППК Шампион Фа
2. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
3. Теодор Волкановски - ППК Крушево и Лука Стојчев - ППК Шампион Фа

Жени:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
3. Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево