Прва победа за Станојковски на Европското првенство во пинг-пинг

Македонскиот пингпонгар Кристијан Станојковски во последниот меч од групата ја постигна првата победа откако со 3-1 во сетови (11-5, 8-11, 11-8 и 11-6) го совлада Федерико Џиарди од Сан Марино. Претходно македонскиот претставник во мечевите од групата загуби од Евгениј Тихонов и Даниел Берзоса и го освои третото место во групата. 

Станојковски во конкуренција на двојки заедно со Крешник Махмути од Косово загубија со 3-1 во сетови од претставниците на Литванија Ервинс Узиало и Мартин Фрител.

Во женска конкуренција настапи Амелиа Николов, која беше поразена во двата меча од групата, но заедно со Шега Хашани од Косово победија во квалификациите, а потоа загубија во вториот меч.

Станојковски и Николов беа поразени на стартот и конкуренција на мешани двојки.