Прогласени екипните победници на ИТТФ турнирот во пинг-понг

Со свечената церемонија на доделувањата на одличјата на најдобрите во конкуренција на тимови заврши вториот ден од ИТТФ турнирот. Во конкуренција на тимови кај јуниорите најдобар беше тимот на Хрватска, откако во финалето ја совлада Романија со 3-1. Бронзените медали отидоа кај екипите на Словачка и Тајван.

Кај јуниорките најдобри беа Романките, кои во финалето беа поуспешни од тимот на Србија со 3-0. Третите места ги поделија екипите на Белгија и Словачка.

Во кадетска конкуренција кај момчињата најуспешен беше мешаниот тим на Перу и Белгија, чии што играчи ги надиграа Романците со 3-1. Бронзените медали отидоа кај екипите на Словачка и Шпанија.

Кај девојчињата во кадетска конкуренција најуспешни беа Романките, откако во финалето ја совладаа Белгија со 3-1. Бронза освоија Шведска и мешаниот тим на Словачка и Србија.