Продолжи пинг-понгарскиот шампионат, лесни победи за Младост и Шампион ФА

Малата сала при СЦ „Борис Трајковски“ во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг-понгарското првенство. Од први до 22 март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Суперлигата и Првата лига.

Првото пролетно коло, вкупно осмо во првенството во Суперлигата помина во знакот на фаворитите Младост и Шампион Фа, кои забележаа победи против Вардар и Работнички. Радовиш и Телеком НЕЦ одиграа супер интересен натпревар, кој заслужено им припадна на радовишани, со што дополнително ја замрсија борбата на дното на табелата, ако се земе предвид и одиграниот натпревар од деветтото коло, во кој Вардар беше подобар од Работнички.

Екипата на Младост 96, која во зимскиот преоден рок се засили со македонскиот првак Станојковски и играчот од Србија Стефан Костадиновиќ со што најави атак на титулата, во осмото коло беше слободна

Суперлига 
(Осмо коло)
Младост - Вардар 4:2
Работнички - Шамп-он Фа 1-4
Телеком Нец 1 - Радовиш 3-4
(Деветто коло)
Вардар - Работнички 4-2

Во првата лига фаворитите ја оправдаа улогата, Телеком НЕЦ 2, забележа лесна и убедлива победа против Мултитекс, Крива Паланка 2007 го совлада единствениот конкурент за второто место, екипата на Кочани. 

Прва лига
(Осмо коло)
Телеком Нец 2 - Мултитекс 4-0
Пошта 2 - Дебар маало 4-0
Борец ТИМ - Струга 1-4
Крива Паланка 2007 - Кочани 4-2