Прилепска Младост е првиот финалист на македонската пинг-понг лига

Во салата на општинското училиште Никола Карев во Крушево викендов се одигра завршниот турнир од пинг-понг лигата за сениорки. На турнирот учествуваа три екипи: Рисови, Крива Паланка и екипата на домаќините Крушево. Супериорно до шампионската титула стигна екипата на Рисови, втори беа сениорките на Крива Паланка додека третото место им припадна на Крушево.

Резултати:
ППК Скопје Рисови - ППК Крива Паланка 4-0 
ППК Скопје Рисови - ППК Крушево 4-1
ППК Крива Паланка - ППК Крушево 4-2

Првиот полуфинален плеј оф натпревар помеѓу Младост и Телеком НЕЦ заврши со победа на Младост со вкупен резултат од 2-1. На првата средба меѓу овие две екипи прилепчани беа поуспешни од скопската екипа на Телеком НЕЦ со 4-3.

Втората и третата средба се одиграа во Прилеп. Втората средба убедливо ја добија скопјани со 4-1, додека третата средба која донесе неизвесност исто како и првиот натпревар во Скопје ја добија играчите на прилепски Младост со 4-3, со што прилепчани се првиот финалист. Младост во финалето го очекува победникот од натпреварот помеѓу Вардар и Младост 96.

Во Кочани се одигра бараж натпревар за пополнување на Суперлигата меѓу екипите на Кочани, кои беа второпласирани во регуларниот тек на Првата лига и УГД од Штип седмопласирани во Суперлигата.

Штипски УГД го задржа супер лигашкиот статус, забележувајќи убедлива победа над Кочани од 4-0.