• Саше Љолес
Прилеп наскоро ќе биде домаќин на меѓународен меморијален пинг-понг турнир, кој го носи името на големиот спортски работник, Илија Карески.
Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 февруари и ќе се одиграат дуели во различни категории (13,15,19 години, апсолутна категорија и ветерани).
Исто како и во изминатите години, и оваа се очекуваат учесници од неколку балкански земји, а за најдобрите следуваат и парични награди.
Награди ќе има за сите категории, вклучително и за најмладите учесници на овој убав спортски настан.