Прекинати сите пинг-понгарски натпреварувања до 30 јуни

Една од последните организации кои означија прекин на натпреварувањето е Светската пинг-понг федерација. Интернационалната федерација донесе официјална одлука да ги откаже сите настани до 30 јуни. Светските ранг листи во машка и женска конкуренција ќе бидат замрзнати, слично како и во тенисот.

Олимписките квалификациски турнири се поместени, а термините ќе бидат дополнително одредени. Уште минатата недела, ИТТФ го помести Светското клупско првенство во Јужна Кореја од 22 март за 21 јуни, но следниот месец ќе се знае дали ќе остане овој термин на сила или ќе дојде до ново одложување.

Се предвидува голема финансиска загуба на овој спорт, посебно заради прекинот на настани на азискиот континент, каде што пинг-пингот е најпопуларен. Прекинати се и сите македонски пинг-понгарски натпреварувања до завршувањето на пандемијата со ковид-19.