ППК Пелагонија шампион во Првата лига, место во елитата обезбеди и ППК Вардар

Викендов заврши регуларниот дел од Суперлигата и Првата лига во пинг-понг.

Првата позиција во Првата лига во машка конкуренција ја зазеде екипата на ППК Пелагонија од Битола и со тоа успеа да обезбеди директен пласман во Суперлигата за следната сезона. Како второпласиран заврши тимот на ППК Вардар од Скопје, кој исто така обезбеди пласман во елитната категорија за следната сезона.

Бараж за влез во Суперлигата ќе играат екипите на ППК Астраион од Струмица и ППК Телеком Нец од Скопје против екипите на ППК Младост од Прилеп и ППК Работнички од Скопје.

Пласман во разигрувањето за титула обезбедија екипите на ППК Младост 96 од Прилеп, како првопласирана во Суперлигата, и ќе се соочи со ППК Зегин Берово од Берово и ППК Телеком Нец 2 од Скопје, кој ќе игра против ППК Шампион Фа од Штип.

Првите полуфинални натпревари од плеј-офот ќе се играат следниот викенд.