ППК Крушево и ППК Крива Паланка државни кадетски прваци во пинг-понг во екипна конкуренција

Во Куманово во организација на ППК Куманово и под покровителство на ППФМ во спортската сала на Гимназијата „Гоце Делчев“ се одржа 28-то републичко првенство во екипна конкуренција за кадети. На првенството учествуваа десет екипи во конкуренција на кадети и шест екипи во конкуренција на кадетки.

Најуспешна екипа кај кадетите беше екипата на ППК Крива Паланка, совладувајќи ја екипата на ППК Астраион Мега Спин од Струмица, со 3-1 во финалето.

Со бронзени медали се закитија екипите на ППК Топспин Плус од Скопје, кои во полуфиналето беа поразени од шампионот Крива Паланка со 3-1, и екипата на ППК Винспин од Виница кои полуфиналето го загубија од Астраион Мега Спин со 3-2.

Кадети:
1. ППК Крива Паланка
2. ППК Астраион Мега Спин 
3. ППК Топспин Плус, ППК Винспин

Кај кадетките на златниот медал му се радуваше ППК Крушево, чии што натпреварувачки оваа сезона бележат одлични резултати и во поединечна конкуренција. Крушевчанки во финалето ја совладаа екипата на ППК Крива Паланка со 3-1.

Полуфиналисти беа екипите на ППК Берово, поразени од ППК Крива Паланка со 3-1 и ППК Струмица, откако загубија од ППК Крушево со 3-0.

Кадетки:
1. ППК Крушево
2. ППК Крива Паланка
3. ППК Берово, ППК Струмица