ППФМ со поддршка од АМС им помага на клубовите со младински школи

Во услови на пандемијата предизвикана од корона вирусот и кога кризата се чувствува во сите пори на општествениот живот, ППФМ со помош на Агенцијата за млади и спорт на клубовите кои имаа најдобри резултати од играчите во младинските категории им помогна со набавка на опрема.

Клубовите како Крива Палнка, Топспин Плус, Мултитекс, Телеком Нец и други чии што играчи во младинските категории беа највисоко рангирани од АМС и ППФМ добија помош во донација на пинг-понгарски маси. Станува збор за професионални маси според ИТТФ стандарди на кои се играат официјални натпревари. 

Со овој пример ППФМ покажува дека приоритет е развојот на младинските школи и поголем дел од своите планови кои поради корона кризата се во голем број пролонгирани, сепак сите планирани активности кои беа поставени како цели за реализација во иднина ќе бидат реализирани.