• Зоран Мишевски
Во рамките на програмата на ППФМ и селекторот за развој и подобрување на квалитетот на младите репрезентации, се реализираше проектот тренинг камп во Саарбрикен, Германија, еден од најдобрите светски тренинг центри, во период од 14-18 март 2023 година, на кој учествуваа четири репрезентативки: Моника Стајковска У13, Матеја Смолиќ У13, Фани Јованоска У15 и Софија Хасану У17.
Тренинзите ги водеше Јоже Урх, еден од најголемите светски тренери, заедно со селекторот Сашко Богатинов и голем број професионални спаринг партнери. Нашите репрезентативки тренираа двапати дневно по три часа. Воедно ги следеа и тренинзите на големи професионални играчи (Патрик Франциска, Матео Мути, Петер Хрибар, Редзимски, Полански, Фадеев, Кинези, Јапонци и многу други)
Нашите репрезентативки имаа можност да следат и професионален натпревар од втора Бундес лига во пинг-понг. Репрезентативките и селекторот беа придружувани од претседателот на ППФМ, Горан Тиловски кој оствари средби со челниците на Тибхар, со што се зацврсти меѓусебната соработката.