Познати поединечните шампиони на Македонија во пинг-понг

Ден после одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на пинг-понгарската федерација, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествуваат најдобрите осум играчи од ранг листата за сениори.

Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека нема конкуренција во Македонија, и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.

Сениори:
1. Кристијан Станојковски
2. Сашо Смолиќ
3. Филип Младеновски

Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата, свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место. Победата на ТОП 8 за Младенова значи и пробивање на второто место на ранг листата.

Сениорки:
1. Билјана Младенова
2. Амелија Уце
3. Ана Стојановска