• Зоран Мишевски
Пролетниот дел од сезоната во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија започнува на 15 февруари со натпревари за најмладите, а ќе заврши со меѓународен, светски натпревар во организација на пинг-понг федерацијата!
По собирање на предлози и коментари од клубовите, анализа на организациските капацитети и усвојување од страна на Управниот одбор на Пинг-понгарската федерација на Македонија, објавувен е календарот за вториот дел од сезоната 2024/25.
Сезоната продолжува со државни Телеком Мастерс турнири во категориите до 11 и 13 години. Овие натпревари ќе се одржат на 15 февруари во Битола, а веднаш потоа на 16 јануари следат натпревари од јуниорската лига. Традиционално ќе се одржат турнирите во чест на Илија Карески-Каре и Кире Велков, на 22 и 23 февруари во Прилеп и 29 март во Струмица.
На втори март започнува и Суперлигата и главните натпревари за шампионската титула во оваа сезона.
Од 9 до 15 јуни ќе се одржи Светскиот Куп во сениорска категорија во Скопје. Тоа ќе биде прв натпревар од ваков тип со високо рангирани пинг-понгари од целиот свет.