Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пинг-понгарскиот шампионат

Во пинг-понгарската Суперлига на четвртото турнирско соочување се одиграа шестото и седмото коло. Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата. Со максимален учинок, седум победи од исто толку натпревари, екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презима на првото место на табелата. Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството. На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашноиот тек на првенството нема забележано победа.

Интересна е борбата за средината на табелата каде што останатите екипи се со исти шанси за повисоко место на табелата. Кај прволигашите заврши есенскиот дел на првенството. Битолскиот тим на Мултитекс со максимален учинок по седум одиграни кола го најавува своето враќање во елитатат во следната сезона. Второпласирана во првата лига е екипата на Кочани со еден бод помалку од Мултитекс.

Суперлига (6 коло): 
Работнички - Струга 4-2
Вардар - Младост 2-4
Нец - Радовиш 3-4
Шампион ФА - Крива Паланка 2007 4-2 
Нец 2 - Младост 96 2-4

Суперлига (7 коло)
Младост 96 - Работнички 4-0
Крива Паланка 2007 - Нец 2 2-4
Радовиш - Шампион ФА 2-4
Младост - Нец 4-2
Струга - Вардар 1-4 

Прва лига (6 коло)
Рисови - Мултитекс 2-4
Борец ТИМ - Крушево 2-4 
Дебар Маало - Кочани 1-4
Пошта 2 - Винспин 3-4

Прва лига (7 коло)
Рисови - Крушево 4-2
Борец ТИМ - Мултитекс 2-4
Дебар Маало - Винспин 3-4 
Пошта 2 - Кочани 2-4