Потврдена доминација на јуниорките во Балканската лига во пинг-понг

Пинг-понгарската федерација на Македонија викендов беше домаќин на вториот круг од натпреварите во рамките на Балканската конект лига во пинг-понг за млади играчи. На натпреварувањето, покрај македонската репрезентација, учествуваа и репрезентациите на Косово и Црна Гора.

Во саботата се одржаа натпреварите во екипна конкуренција. Од Македонските репрезентативци најуспешни беа јуниорките кои ја потврдија доминацијата од првиот круг на балканската лига. Прво место во екипна конкуренција освоија и кадетките, кадетите беа второпласирани додека јуниорите беа последнопласирани.

Резултати во екипна конкуренција:
Јуниори
Македонија - Косово 0-3
Црна Гора - Косово 0-3
Македонија - Црна Гора 1-3

Јуниорки
Црна Гора - Македонија 1-3
Црна Гора - Косово 1-3
Македонија - Косово 3-0

Кадети
Косово - Црна Гора 0-3
Црна Гора - Македонија 3-0
Македонија - Косово 3-2

Кадетки
Македонија - Косово 3-2
Црна Гора - Македонија 2-3
Косово - Црна Гора 3-1

Пласман екипно (jуниори):
Косово
Црна Гора
Македонија
Јуниорки
Македонија
Косово
Црна Гора
Кадети
Црна Гора
Македонија
Косово
Кадетки
Македонија
Косово
Црна Гора

Вториот ден беше резервиран за поединечните натпреварувања каде што играчите во секоја категорија беа распоредени во две групи. Македонските репрезентативки во јуниорска конкуренција Бојана Михајловска и Ана Стојановска повторно играа во финалето, овој пат поуспешна беше Стојановска.

Кај кадетките Сара Стојановска и Васе Богоевска се сретнаа во полуфиналето, после неколкуте порази на Богоевска во националните натпреварувања, таа овој пат го имаше за рецептот за победа против Стојановска. Богоевска во најинтересното финале во рамките на Балканската лига беше поразена од претставничката на Косово.

Кадетите Борис Секулов и Лука Стојчев своите натпревари ги завршија во групната фаза на натпреварувањето. Исто како и кадетите и јуниорските репрезентативци Теодор Волкановски и Даниел Зхоу Главевски не успеаја да ги продолжат натпреварите во нокаут ситемот.

Пласман поединечно:
Јуниори:
Фатих Карабачак - Косово
Елвин Цоковиќ - Црна Гора
Милош Раховиќ - Црна Гора, Аулон Биволаку - Косово
Јуниорки:
Ана Стојановска - Македонија
Бојана Михајловска - Мкедонија
Алма Мехмети - Косово, Јерина Реџепи - Косово
Кадети:
Бленд Хајдари - Косово
Јакша Кривокапиќ - Црна Гора
Андреј Милошевиќ - Црна Гора, Рилинд Гаши - Косово
Кадетки:
Шега Хасани - Косово
Васе Богоевска - Македонија
Сузана Милошевиќ - Црна Гора, Сара Стојановска - Македонија

Следниот круг натпревари во рамките на Балканската лига ќе се одржи во Црна Гора.