• Зоран Мишевски

По две години прилепскиот тим на Младост 96 ја почуствува горчината на поразот во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија. Последниот пораз прилепчани го забележаа во есента 2019 година од градскиот ривал Младост. Крива Паланка 2007 успеа да слави против прилепчани во изедначен натпревар, минимално со 4-3.
Херој на натпреварот, а воедно и трагичар, е играчот на Младост 96, Петар Костовски, кој успеа да се надмине себеси, и користејќи го лошиот ден на државниот првак Станојковски, успеа да го совлада со 3-1 и кога сите очекуваа победа на паланчани со 4-2, успеа да го однесе натпреварот во седмата решавачка пресметка, во која Крива Паланка 2007, беше поуспешни.
На табелата водечка е Крива Паланка 2007 со еден бод повеќе од Младост 96. Паланчани досега се единствениот непоразен тим и се наметнуваат како сериозен кандидат за шампионската титула.
Шесто коло:
Младост 96- Вардар 4-0
Рисови - Телеком НЕЦ 2 3- 4
Шампион ФА - Радовиш 4-1
Работнички - Младост 0-4
Седмо коло:
Радовиш - Работнички 4-3
Телеком НЕЦ 2 - Шампион ФА 2-4
Вардар - Рисови 4-1
Крива Паланка 2007 - Младост 96 4-3
Одигран е одложениот натпревар од четвртото коло: Младост 96 - Радовиш 4:0