• Зоран Мишевски
Викендов авршија Младинските олимписки игри, а Пинг-понгарската федерација на Македонија зад себе остава уште една коорганизација на меѓународен натпревар.
Во женска категорија победник е Скербинз Нина од Австрија, која во финалето ја победи Рајуовска Катарзина од Полска. Третото место го поделија Коленикова Дијана од Украина и Кодет Ханка од Чешка Република.
Кај мажите Зиуоронек Патрик од Полска го освои првото место. Вител Ноа од Франција се најде на второто место, а на трето место се пласираа Усов Марк од Шведска и Окал Горкем од Турција.
Во мешани двојки златниот медал заврши кај Патрик Зиворене/Катарина Рајкоуска од Полска. Сребрен медал носи парот од Чешка, Јан Скалда/ХанкаКодет, а третото место го поделија Роберт Истрате/Андреа Баиасу од Романија и Тобиас Тишбергер/Нина Скербинз од Австрија.
Македонија на Европските олимписки игри се претстави со двајца натпреварувачи - Фани Јованоска и Јаков Јакимовски. Во мешани двојки Фани и Јаков загубија од носителите на бронзениот медал - романскиот пар Истрате/Баиасу.
Во третото коло Јованоска беше блиску до победа, но пропушти водство од 2-1 во дуелот со Лесија Левицки од Белгија.