Почнува заплетот во пинг-понгарското првенство, победи на фаворитите во викенд-колата

Со одигрувањето на натпреварите од второто и третото коло од двете најсилни лиги во сениорска конкуренција, се покажа дека има нови фаворити за највисок пласман. Минатогодишниот апсолутен шампион Младост 96 од Прилеп, после три одиграни кола со максимален скор уште љубоморно го чува првото место на суперлигашката табела.

Како најсериозен конкурент за шампионската титулата на прилепчани се наметнува екипата на Крива Паланка 2007, во чии што редови токму од Младост 96 во преодниот рок во Крива Паланка 2007 премина државниот првак Станојковски. Покрај прилепчани и паланчани уште без пораз е и екипата на Телеком НЕЦ 2, која секогаш во последните неколку сезони е кандидат за висок пласман.

Шампион ФА и Младост веќе ги запишаа и првите порази со што уште на стартот на првенството остануваат само фаворити од сенка. Лош старт во новата сезона имаат Вардар и Рисови двете скопски екипи кои во досегашните натпревари сеуште немаат победа.

Суперлига (второ коло):
ВАРДАР - РАДОВИШ 1-4
КРИВА ПАЛАНКА 2007 - МЛАДОСТ 4-3
МЛАДОСТ 96 - РАБОТНИЧКИ 4-0
РИСОВИ - ШАМПИОН ФА 1-4

Суперлига (трето коло):
РАБОТНИЧКИ - РИСОВИ 4-2
МЛАДОСТ - МЛАДОСТ 96 1-4
РАДОВИШ - КРИВА ПАЛАНКА 2007 2-4
ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 - ВАРДАР 4-0

Во првата лига екипите на Зегин Берово и Крива Паланка се најсериозни кандидати за највисок пласман и освојување на првите две места во првата лига.
И двете екипи по три кола имаат максимален учинок. 

Прва лига (второ коло):
КОЧАНИ - КРАТОВО 4-0
КРУШЕВО - БЕРОВО 1-4
БОРЕЦ ТИМ - ЕВРОСПИН 4-0 (службено)
ДЕБАР МААЛО - СТРУГА 2-4
ТЕЛЕКОМ НЕЦ - КРИВА ПАЛАНКА 3-4

Прва лига (трето коло):
КРИВА ПАЛАНКА - КОЧАНИ 4-2
СТРУГА - ТЕЛЕКОМ НЕЦ 3-4
ЕВРОСПИН - ДЕБАР МААЛО 0-4 (службено)
БЕРОВО - БОРЕЦ ТИМ
КРАТОВО - КРУШЕВО 1-4