Почнува пинг-понг шампионатот, Младост 96 на стартот гостува во Радовиш

Овој викенд стартува новата сезона од пинг-понг Суперлигата. За титулата ќе се натпреваруваат десет екипи, а веќе е познат и распоредот.

Во елитната категорија пријавени се: Крива Паланка, Пелагонија, Шампион ФА од Штип, Телеком Нец 2, Радовиш, Младост 96, АС Ѓорче Петров, Крива Паланка, Астраион и Вардар.

Во рамки на првото коло екипата на Крива Паланка ќе се соочи со Вардар, првото коло го носи и соочувањето меѓу Пелагонија и струмички Астраион. Штипски Шампион ФА ќе ги одмери силите со Крива Паланка, а пак Телеком Нец 2 ќе игра со АС Ѓорче Петров, додека пак Радовиш ќе игра со Младост 96.

Во рамки на второто коло Вардар ќе игра со Младост 96, АС Ѓорче Петров против Радовиш, Крива Паланка против Телеком Нец 2, а во рамки на второто коло ќе се соочат струмички Астраион и штипски Шампион ФА, додека пак Крива Паланка ќе ги одмери силите со Пелагонија.

Првиот турнир е закажан за 4 октомври во 11:00 часот.