• Зоран Мишевски
Денес започнува најголемиот пинг-понгарски настан во нашата земја за 2023 година - WTT Младинскиот турнир „Скопје 2023“.
Натпреварите започнуваат секој ден до деветти септември, во 9:30 часот и ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Првиот и вториот ден ќе опфатат натпревари од женска категорија до 15 и 19 години, додека од осми септември започнуваат натпреварите во машка конкуренција. На третиот ден ќе се играат натпреварите во двојки.
Во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се натпреваруваат пријавени играчи кои котираат меѓу најдобрите десет во светски рами. Во машка конкуренција на еден месец до одржувањето на натпреварот пријавени се Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј како шести и осмо рангирани, соодветно, додека во женска конкуренција Ли Даун од Јужна Кореја како петто рангирана.
Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира Пинг-понгарската федерација на Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември исто така во Скопје.