Победи за Младост и Телеком НЕЦ на стартот на пинг-понгарскиот шампионат

Стартот на новата сезона во двете најсилни конкуренции започна со одигрување на првото коло во спортската сала во ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Ждрепката сакаше на почетокот на првенството во првото коло да се сретнат финалистите на плеј-офот од минатата сезона, Вардар од Скопје и Младост од Прилеп.

Младост рутинирано го победи Вардар со убедливи 4-0. Во екипата на Вардар во првото коло не настапи државниот првак Станојковски, додека прилепчани засилени со играчот од Србија Дејан Оцокољиќ, ја најавија кандидатурата за атак на шампионската титула уште на стартот на сезоната.

Во другите два натпревари од Суперлигата, Телеком НЕЦ го совлада Радовиш во можеби најинтересниот натпревар на колото. Телекомци славеа минимално со 4-3, а домаќинот на првиот турнир, штипскиот клуб Шампион ФА, со 4-2 го совлада Работнички. Натпреварот УГД - Младост 96 не се одигра поради тоа што екипата на УГД отсуствуваше на натпреварите од првото коло. За исходот на тој натпревар ќе одлучуваат комесарот и натпреварувачката комисија. Натпреварот првично е евидентиран со службен резултат за Младост 96

Новиот член на лигата Телеком НЕЦ 2, убедливо со 4-0 го совлада битолски Мултитекс, Дебар Маало загуби од Пошта 2 со 4-2, Крива Паланка 2007 убедливо со 4-0 го доби натпреварот против Кочани. Борец ТИМ службено со 4-0 го доби натпреварот со Струга.

Прва лига (жени):
Берово - Струмица 4-0
Берово Астраион 4-1

Втора лига (мажи)
Рисови - Студент 2 4-0
Куманово - Студент 0-4
Хепи - Винспин 1-4

Натпреварувачкиот караван продолжува следниот викенд. На 29 септември повторно во Штип елитата ќе ги одигра второто и третото коло.