• Зоран Мишевски
Започнува плеј-оф во пинг-понгарската Суперлига, па следат интересни дуели за влез и опстанок во Првата и Втората лига.
Крива Паланка во полуфиналето од плеј-офот во Суперлигата се сретнува со Телеком Нец 2, а второто полуфинале е резервирано за Младост 96 и Шампион ФА. Крива Паланка и прилепскиот клуб влегуваат со предност од 1-0 поради две победи во есенскиот и пролетниот делови од сезоната.
Од Суперлига директно отпаѓаат 10 60 АС Ѓорче Петров и Крива Паланка 2007, а на нивно место ќе се натпреваруваат Младост и Борец ТИМ. Прилепската екипа Младост по само една сезона во понискиот ранг, се враќа во најдобрата македонска лига. За влез во Суперлигата и оваа година ќе се бори младата екипа на Куманово и ќе се сретне со Радовиш. Второто разигрување ќе биде помеѓу две скопски екипи - Студент од Прва лига против Вардар суперлигашот.
Втората и млада екипа на Младост 96(2) по само една сезона од почетокот на своите настапи избори директен пласман во Прва лига. Но, прилепчани доминираат и ќе разигруваат за влез во Првата лига со Телеком НЕЦ од Скопје.