Пионерките и јуниорките осми во екипните натпревари на Балканското првенство во Бугарија

Денес завршија екипните натпревари на Балканското првенство во Бугарија, каде нашите пинг-понгари освоија места во втората половина.

Пионерите имаа хендикеп со тоа што имаше здравствен проблем во тимот, така што последните натпревари од групата, и разигрувањето за место не ги доиграа.

Пионерките пак го освоија осмото место од вкупно единаесет репрезентации. Во четвртфиналето беа поразени од Романија, додека на истата позиција завршија и јуниорките, од вкупно десет репрезентации. Утре почнуваат поединечните натпреварувања.