Пинг-понгот во Македонија се врати на сцената

Пинг-понгот повторно е активен во Македонија, откако домашните шампионати стартуваа и се вратија на сцената изминатиот викенд.

Во Прилеп се одигра првото коло од Женската лига каде што екипата на ППК Шампион Фа победи 4-0 против ППК Младост 96, а екипата на Берово оваа година засилена со странски играч ја победи екипата на ППК Крива Паланка со 4-1.

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, пак, се одигра првото коло од Супер и Прва лига мажи. Се постигнаа следните резултати:

  • Прва лига (Прво коло)

Шуто Оризари - Берово 2   4-1
Вардар - Телеком Нец.        4-0
Дебар Маало - Радовиш.    1-4
Борец Тим - Пелагонија.     1-4
Кратово - Астраион.            0-4

  • Супер лига (Прво коло):

Рисови - Берово.                    4-2
Работнички - Шампиони ФА  1-4
Крива Паланка 2007 - Младост  4-0
Телеком Нец 2- Кочани          4-0
Крива Планка - Младост 96   0-4 (службено

Оваа година исто така се игра и јуниорска лига каде што има 12 машки и 6 женски тимови. Тие ги изиграа првите две кола од лигата и во водство е екипата на ППК Крива Паланка кај женските, ППК Куманово и ППК Младост кај машките.