Пинг-понгарската федерација со значајна инфраструктурна поддршка на младинските школи

Пинг-понгарската федерација на Македонија направи уште еден крупен чекор во патот кон континуирана поддршка на клубовите кои имаат младински школи. На поголем број клубови кои имаат школи за млади играчи од целата држава пинг-понгарската федерација им донираше помош во вид на професионални пинг-понг маси сертифицирани за натпревари според ИТТФ стандарди. Исто така клубовите добија помош во останат вид на опрема како рекети, топчиња и останати реквизити во тренинг.

Овој гест на ППФМ всушност е само продолжување на агендата за поголема масовност на пинг-понгот и вклучување на поголем број млади играчи во процесот на тренинзи и натпревари со цел на изградба на секој играч индивидуално во личност за здрави навики на жиеење и почитување на фер плеј во натпеварите.

ППФМ и во иднина ќе ги поддржува сите клубови кои имаат вклучено млади играчи во своите екипи. Исто така федерацијата несебично ќе ги помага и сите останати здруженија кои го практикуваат пинг-понгот како спорт.