Пинг-понгарките на Крива Паланка нови државни првенки во екипна конкуренција

Овој викенд завршија и последните лигашки натпревари во женската сениорска пинг-понгарска лига, во екипна конкуренција. Екипата на ППК Крива Паланка со победата против ППК Шампион Фа со 4-2 успеа да ја обезбеди титулата државен првак во женска конкуренција.

Екипата ја сочинуваат Ана Стојановска, Сара С. Стојановска, Сара А. Стојановска и Србинката Олга Павловиќ, која ги доби клучните мечеви за овој тим да се најде на врвот. На второто место е екипата на ППК Шампион Фа од Штип, а третото го освои ППК Берово, каде што сите играчи се јуниорки.

Следниот викенд во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се играат последните кола и од машката лига.