Пинг-понгарката Стајковска не ја помина групната фаза на контендер-турнирот во Австрија

Пинг-понгарска федерација на Македонија продолжува со учество на младинските светски контендер-турнири. Прв за оваа година е контендер во Линц-Австрија, каде боите на репрезентацијата на Македонија ги бранеше Моника Стајковска од клубот ППК Зегин Берово.

Стајковска викендот играше во две категории во У13, и во  У15, но не успеа да ги добие мечевите во групите и не успеа да се пласира на главната табела.

Пинг-понгарска федерација на Македонија (ПФМ) ја претставуваше и Ангелина Иванова која беше дел од судиите на Контендер Линц 2023.

Потпретседателот Рикалоски го искористи присуството да разговара со одговорните лица  на овие Контендери, за да се отпочнат подготовките за стар-контендер во Скопје, во септември оваа година.