Пинг-понгарите на завршни подготовките пред Балканското првенство

Македонските репрезентации пинг-понг во сениорска конкуренција од петокот на завршни тренинзи пред да отпатуваат во Подгорица (Црна Гора), каде што ќе учествуваат на 45-тото Балканско првенство.

Машката репреентација во состав: Кристијан Станојковски, Кристијан Томоски и Петар Костовски и женската репрезентација во која дел се: Ана Стојановска, Бојана Михајловска и Добринка Сотирова под раководство на тренерите Филе Матевски и Владимир Закиќ подготовките ги одржуваат во салата на Телеком НЕЦ во Маџари (Скопје).

Балканското првенство се одржува во периодот од 31 јули до 4 август. Нашите репрезентативци ќе се натпреваруваат во екипна и поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки.

Покрај играчите од двете репрезентации и селекторот Матевски, во составот на нашата делегација која ќе не претставува на Балканското првенство се претседателот на ППФМ Горан Тиловски, кој ќе учествува на редовното собрание на Балканската пинг понгарска федерација (БТТУ), како и потпретседателот Златко Рикалоски, кој во Црна Гора ќе ја претставува нашата земја улога на делегат. Во македонската делегација пријавен е и еден пинг-понгарски судија, Миле Петрески.