Пинг-понгарите на Вардар ја одбранија шампионската титула

Во саботата и во неделата на во Прилеп, пинг-понгарите на Вардар од Скопје и Младост од Прилеп го одиграа финалето од плеј-офот. ППК Вардар надмоќно ја освои титулата, победувајќи во двата финални плеј-оф натпревари со идентичен резултат од 4-2. Со тоа вкупниот резултат на добиени натпревари изнесува 3-1 во корист на Вардар.

Тимот составен од државниот првак Станојковски, Апостолоски и Кироски, а под водство на тренерот Филе Матевски, во текот на целата сезона претрпе само два порази, еден во регуларниот дел од сезоната и еден во полуфиналето на плеј-офот. За вицешампионот Младост во финалните натпревари настапија: Јочкоски, Штаргоски и Милошевиќ (Србија), а беа предводени од тренерот Зоран Јованоски.

Во Крива Планка во неделата својот завршен ТОП 8 турнир го имаа сениорите на возраст до 21 година. Во отсуство на државниот првак Петар Костовски, првото место го освои Филип Костадиновски, втор беше Дамјан Стојчев, а третото место му припадна на Даниел Зхоу Главевски. Со својата слаба игра изненади Александар Рикалоски, кој е вицешампион во оваа категорија, освојувајќи го четвртото место на ТОП 8.

Кај сениорките, Ива Димитриевска фуриозно со седум победи и без пораз го освои првото место, втора е Ана Стојановска и на трето место се пласира Добринка Сотирова.

Со овие натпреавари заврши натпреварувачката сезона во првенството 2018/19. Од 12 до 16 јуни 2019 година во Скопје ќе се одржи Балканското првенство во екипна и поединечна конкуренција за кадети и за јуниори.