Пинг-понгарите на Младост од Прилеп водечки и по вториот турнир од државното првенство

Пи9нг-понгарската екипа на Младост од Прилеп безмилосно ги победува своите ривали. Три одиграни кола три победи со скор 12-0, доволно зборува дека се најсериозни кандидати за шампионската титула. Екипата на Вардар без државниот првак Станојковски го претрпе и вториот пораз. За најсериозен противник на Младост за врвот на табелата според досега виденото се наметнува градскиот ривал Младост 96. Со стартни две победи е и штипскиот Шампион ФА, за кој успешно настапува младиот Дамјан Стојчев. Останатите екипи според резултатите како да не претставуваат закана за водечката тројка. Непријатна вест е што УГД се откажува од првенството, со што Суперлигата ќе брои седум клубови.

 Во првата лига вториот тим на Телеком НЕЦ, супериорен после првите три кола, со три победи, меѓу кои и онаа против можеби директниот конкурент за врвот на прволигашката табела екипата на Крива Паланка 2007. Повратникот во лигата битолски Мултитекс после почетниот пораз забележа две победи против Борец ТИМ од Велес, и против Дебар Маало во супер интересен и до последниот сет неизвесен натпревар.Победата во овој натпревар на битолчани им ја донесе ветеранот Ангелевски, кој со 11-9 славеше во решавачкиот сет во последната партија од натпреварот. Како значаен момент во првата лига можи да се издвојат и двете победи на Струга.

Поради интернационалниот турнир кој ќе се одржи во „ВИП Арена“ при Борис Трајковски во Скопје од 8 до 12 октомври и претставува најзначајното пинг-понгарско натпреварување во нашата држава кое досега е организирано, првенството продолжува на 20 Оотомври. Екипите во двете најсилни лиги третиот турнир ќе го одиграат во Прилеп.