Пинг-понгарите на Младост 96 двапати поразени на Трофејот на Европа

Викендов свое деби на европска сцена имаше македонскиот пингпонгарски шампион Младост 96 од Прилеп. Во Трофејот на Европа, натпреварување на Европската пингпонгарска унија, во романскиот град Одорхеи, прилепскиот тим двапати загуби со максимални 3-0 од Одорхеи и од српскиот Темерин.

Ослабениот состав на тренерот Гоце Тошески не можеше да демонстрира повеќе отпор, со оглед на тоа што по откажувањето на Андреј Лашкоски уште пред еден месец и отсуствата на Црногорецот Лука Бакиќ поради повреда и на Србинот Стефан Костадиновиќ кој не доби дозвола од матичниот клуб Спартак Суботица.

„Не можевме ништо повеќе, освен чесни порази. Имавме надежи за освојување на првото место, ќе беа и реални доколку настапевме во полн состав“, рече претседателот на клубот Александар Рикалоски, потпретседател на клубот.

Наредниот викенд е борбата за титулата шампион на Македонија, меѓу Младост 96 и Крива Паланка.