Пинг-понгарите на Куманово победници на Новогодишниот и Божиќен турнир на АППК Студент

Кадетската екипа на Пинг-понгарскиот клуб Куманово, во неделата настапи на традиционалниот Новогодишен и Божиќен турнир, во организација на академскиот Пингпонгарски клуб Студент од Скопје.

На турнирот настапија Андреј Васевски, Ведран Рангелов, Глигор Доневски и Јаков Кузмановски и целосно ги оправдаа очекувањата. 

 „Ова беше наша последна активност во 2021 година. Можам да бидам задоволен од прикажаната игра на моите ученици на овој турнир.  Андреј Васевски го освои првото место, извојувајќи победа над својот клубски другар Ведран Рангелов во финалето. Глигор Доневски е петти, а и нешто што посебно ме радува на овој турнир е првиот официјален настап на Јаков Кузмановски на едно натпреварување, кој покажа изразита борбеност и желба за натпреварување, како и љубов кон овој спорт“, истакна тренерот на Пинг-понг клубот Куманово, Мики Трендафиловски.

За време на зимскиот распуст пинг-понгарите на Куманово продолжуваат со неколку заеднички тренажни циклуси со други клубови, како и учество на турнир во Србија.