Пинг-понг: Вардар и Младост во последното коло ќе решат за првото место пред плеј-офот

Овој викенд беа одиграни редовните натпревари од 12. и 13. коло од Суперлигата и Првата лига во пинг-понг. Тие донесоа решение на две непознаници. Познато е дека екипата на Радовиш од следната сезона ќе се натпреварува во елитата, додека битолскиот клуб Мултитекс се сели во првата лига. За опстанок во Суперлигата во бараж натпревар штипскиот УГД ќе се бори против Кочани, екипа која ќе се обиде да се пласираат во првата лига.

Врвот на Суперлигата ќе се решава во последното коло. Вардар и Младост ќе одлучат кој ќе ја има пол-позицијата во плеј-офот. Победникот од нивниот дуел ќе го освои првото место во регуларниот дел на првенството, што значи дуел со четврто пласираната екипа. Во борба за третото место подобри шанси има екипата на Телеком НЕЦ, екипа која што има ист број на бодови со Младост 96, но има подобар скор од меѓусебните дуели.

Вардар, Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96 се екипите кои обезбедија учество во плеј-офот. Екипите на Работнички и Шампион ФА обезбедија учество во супер лигата и за следната сезона.

Вистинска драма во последното коло ќе се случува во борбата за опстанок во Првата лига. Борец ТИМ, Студент и Пелистер се во игра за опстанок. Можни се следните комбинации, Пелистер со победа над Студент, доколку загуби Борец ТИМ обезбедува директен опстанок во лигата. Борец доколку победи во последното коло ќе биди сигурен на шестото место. Студент со победа обезбедува бараж натпревар за опстанок во првата лига.

На 17 Февруари во СЦ Форца во Скопје се очекуваат интересни натпревари на кои што ќе бидат решени и последните непознаници од регуларниот дел на сезоната 2018/19.

Суперлига (12. коло)
Телеком НЕЦ - Мултитекс 4-1
Вардар - Шампион ФА 4-1
Младост 96 - Работнички 4-2
УГД - Младост 0-4 

Суперлига (13. коло)
УГД - Телеком НЕЦ 0-4
Младост - Младост 96 4-2
Работнички - Вардар 2-4
Шампион ФА - Мултитекс 4-0

Табела:
Вардар  25
Младост  24
Телеком НЕЦ  22
Младост 96  22
Шампион ФА  18
Работнички  17
УГД  15
Мултитекс  13

Прва Лига (12. коло)
Студент - Пошта 2 4-3
Радовиш - Пелистер 4-0
Струга - Дебар Маало (одложено)
Борец ТИМ - Кочани 1-4

Прва лига (13. коло) 
Борец ТИМ - Студент 4-3
Кочани Струга (одложено)
Дебар Маало - Радовиш 1-4
Пелистер - Пошта 21-4

Табела: 
Радовиш  26
Кочани  22
Пошта 2  20
Дебар Маало 18
Струга  17
Борец ТИМ  16
Студент (-1)  15
Пелистер  15

*Екипата на Струга има два натпревари помалку
*Екипита на Кочани и Дебар Маало имаат по еден натпревар помалку.