Пинг-понг клубовите се засилија со Бугари и Срби пред суперлигашката пролет

Овој викенд продолжува државниот шампионат на Македонија во пинг-понг. За првото место во Суперлигата најголеми кандидати се екипите на Вардар и Младост. Регистрационата комисија ги објави пингпонгарите кои ги променија клупските бои.

Вардар се засили од Бугарија, а Младост 96 од Србија. Шенол Ебазер од Бугарија е нов член на Вардар, а Младост 96 го регистрира Бранислав Миленковиќ од Србија.

Пролетниот дел од Суперлигата почнува в недела на 27 јануари, а двете кола се играат во Скопје.