• Мартин Танасковски
Пинг-понг федерацијата на Македонија како дел од реализацијата на своите долгорочни планови за подигање на овој спорт во земјата отвора нова пинг понгарска школа која е во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Целна група на школата се играчи на возраст од 6 до 14 години, што би довело на продукција на една нова генерација на играчи кои во перспектива би го имале главниот збор во македонскиот пинг-понг.
Од таа генерација ППФМ очекува достојно да ја претставува Македонија на сите значајни натпреварувања. Школата за млади играчи претставува еден од столбовите врз кои ќе се гради иднината на македонскиот пинг понг. За таа цел се ангажирани тренери чии што имиња значат во пинг понгарската фела. Реномираниот тренер Владимир Закиќ, од Војводина, Србија и македонската пинг-понгарска легенда Миле Петрески, повеќекратен шампион на Македонија во пинг понг.
ППФМ апелира да ја искористат оваа шанса и да им овозможат на своите деца да тренираат пинг-понг. И за крај како лајтмотив нека им послужи изреката. Фудбал, кошарка, ракомет... можат да играат сите, но пинг понг само најдобрите.