Пинг-понг федерацијата и АМС донираа опрема на ОУ „Партенија Зографски“ од Скопјe

Пинг-понгарската федерација во соработка со Агенцијата за млади и спорт донираше пинг-понгарска опрема на ОУ „Партенија Зографски“ од Скопјe.

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ од Скопје е единствено средно стручно училиште за ученици со посебни потреби (оштетен слух и говор) кој со своите активности е насочен кон овозможување на учениците да стекнат средно образование, работно оспособување и едукација на децата со оштетен слух и пречки во говорот.

Пинг-понгарската федерација позитивно одговори на апелот од страна на училиштето за помош, за донација на спортска опрема. Со цел за зголемување на физичката активност на учениците, која е важен фактор за ученикот да има здрав психофизички развој, како и за развој и популаризација на пинг-понгот како спорт, Пинг понгарската федерација им донираше на учениците рекети, пинг-понг топчиња и мрежи.