Петар Костовски победник на меморијалниот пинг-понгарски турнир „Илија Карески“

Меѓународниот меморијален пинг-понгарски турнир „Илија Карески“ ги даде победниците во петте категории. Во највозрасната, секиорска конкуренција, победник е штипјанецот Петар Костовски, член на актуелниот македонски шампион Младост 96 од Прилеп.

Во оваа возрасна група, во која беа пријавени дваесет учесници, второто место го освои Зоран Решетар (Спин, Подгорица, Црна Гора), а третото Христијан Јовановски (Пелагонија, Битола). Кај пинг-понгарките до 21 година најдобра е Ана Стојановска (Крива Паланка), пред Бојана Михајловска и Ива Димитриевска (Рисови, Скопје), додека кај пинг-понгарите од истата возраст редоследот е следен:Теодор Волканоски (Крушево), Дамјан Стојчев (Шампиони ФА, Штип), Даниел Главевски (Пелагонија, Битола).

Кај најмладите учеснички, до петнаесет години, најуспешни се: Софија Хасану (Крушево), Изабела Ковачовска (Берово), Фани Јованоска (Крушево), а кај момчињата на таа возраст – Лука Стојчев (Шампиони ФА, Штип), Александар Јакимовски (Крива Паланка) и Филип Ангела (Пелагонија, Битола).

Првото издание на турнирот, организиран од ППК Младост 96, наиде на одлични оценки од сите учесници, што е поттик од година да премине во традиционален.